Прозборе за трагедиите на своите блиски пријатели – Марија Шерифовиќ откри кога Карлеуша се враќа на сцена

Со кнедла во грло се потсети на сите тажни настани кои се случија изминатиот месец

Фото: Ана Паунковиќ, Владимир Спорчиќ, Курир.рс

Поп пејачката Марија Шерифовиќ прва и пружи утеха на Јелена Карлеуша после смртта на нејзината мајка Дивна.

Не се огласував јавно кога ја погодија сите тие ситуации. Мислам дека тоа за секој жив човек се тешки психолошко- душевни удари, но Јелена е лавица. И треба малку време за да се опорави, раните никогаш нема да зараснат, но барем фластерите да се залепат затоа што има сопруг и две прекрасни деца. Сигурна сум дека наскоро ќе застане на нозе, рекла Марија.

Фото: Марко Поплашен, Немања Николиќ 

Шерифовиќ со задоволство се сеќава и на покојниот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ. Иако никогаш немаат снимено дует, таа вели дека од него многу научила.

Се што успеав да научам тој знаеше да го препознае, го сакаше начинот на кој што пеам, сакаше да работиме заедно. Јас имам голема трема, но никогаш не сум имала таква како во моментот кога ме покани да му бидам гостинка на концертот. Бев многу среќна, ми направи голема чест, додала Марија.

Фото: Принтскрин
loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време