Меган Маркл предизвикала скандал во кралското семејство: Јавно зборувала за нешто што не смее!

Меган никако не може да ги научи правилата!

Членовите на кралското семејство никогаш не смеат да изразат политичко мислење и став, но тоа очигледно не важи за војвотката

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, случајно или не, се нашла среде дебата околу тоа дали требало или не да го каже своето политичко мислење за време на официјалната посета на Ирска. Имено, 36-годишната Меган Маркл која отсекогаш била горда на своите феминистички ставови, започнала разговор со сенаторката од Даблин.

Сето ова можеби не би предизвикало никакви реакции во медиумите ако Кетрин Нун не се пофалела со тоа на Твитер, откривајќи дека Меган се сложила со резултатите од неодамнешниот референдум за легализација на абортусот.

Иако потоа ја избришала пораката и рекла дека се работело за безопасен разговор во кој не го кажала своето политично мислење, тоа всушност не било така. Во првиот твит пишувало:

„Ми беше вистинско задоволство да го запознам принцот Хари и војвотката од Сасекс во резиденцијата на британската амбасада. Јас и војвотката разговаравме за неодамнешните резултати на референдумот која таа ги следеше и на крајот беше задоволна од резултатите.“

Со оглед на тоа што по објавата добила неколку коментари што и’ напоменале дека Меган изразувајќи го своето политичко мислење и став, всушност, го прекршила кралскиот протокол, Кетрин Нун го избришала твитот, а потоа само напишала дека и’ било вистинско задоволство да ја запознае војвотката.

 

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време