Иако одамна не се заедно, Татјана Стојановска и Благоја Грујовски и по разводот останаа пријатели, но и горди родители

Ова е нивниот син Матеј

Фото: Фејсбук

ТВ презентерката Татјана Стојановска ретко обајвува фотографии од својот приватен живот. Деновиве таа постираше заедничка фотографија со својот син Матеј, кој има 21 година и е студент.

Мојата гордост. Мојот син“ – напишала Татјана, гордеејќи се со својот единец, дете од некогашниот заеднички брак со фолк пејачот Благоја Грујовски.

Фото: Фејсбук

И покрај разводот пред повеќе од една деценија, тие останаа во добри односи, комуникација и пријателски расположени еден кон друг… И заради воспитанието и нивото на култура кои и самите го поседуваат, но и заради воспитанието и грижата кон нивното зедничко дете, синот Матеј, кој како што може да се види на фотографијата израсна во прекрасно момче.

Фото: Фејсбук

Блиските велат дека ТВ презентерката не само што е горда мајка, туку е и многу приврзана кон својот единец, а тој кон неа се однесува мошне заштитнички.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време