„Дежаву“ го отвора најголемиот гејминг парк во Скопје

Не пропуштајте да бидете дел од најголемата друштвена забава во градот!

Најголемиот гејминг парк на Балканот ќе биде отворен токму во „Дежаву“

„Дежаву“ важи за едно од најпопуларните места во Скопје што секогаш нудат пријатна атмосфера за кафе и релаксација, вкусна храна и добра забава. Но тоа не значи дека ќе престане да го докажува својот квалитет. Во четвртата година од неговото постоење во Капитол Мол – Аеродром, „Дежаву“ повторно изненадува!

Најголемиот гејминг парк на Балканот ќе биде отворен токму во ова кафуле утре, сабота 14-ти јули. Тој изобилува со повеќе од 20 современи игри, како што се хокеј, кошарка, драфтинг колички на удирање, па дури и со 9Д игри, односно игри со видео симулатори кои се вистински хит во светот на гејмерите.

Во гејминг паркот ќе можат да се забавуваат луѓе на сите возрасти, а за оние најдобрите што ќе остварат одлични резултати во игрите, „Дежаву“ има подготвено дополнителни награди и изненадувања.

Паркот ќе работи секој ден од 7 до 1 часот по полноќ. Не пропуштајте да бидете дел од најголемата друштвена забава во градот!

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време