Дадилката на Карлеуша доби отказ, причина аферата на Карлеуша за која таа знаела

Помошничката го извлече најдебелиот крај

Фото: Дамир Дервишагиќ, Курир.рс

Душко Тошиќ одлучил да воведе драстични мерки се со цел да го спаси бракот со Јелена Карлеуша, а првото нешто што го направил после враќањето од Кина е промена на помошничката, пишува српски „Курир“.

Фото: Немања Николиќ 

Според нивните пишувања, спортистот и дал отказ на дадилката која на Карлеуша и служела и асистирала последните 10 години и вработил нова. Тошиќ на овој чекор се одлучил затоа што се посомневал дека токму дадилката во последните две години ја штитела Јелена додека тајно се гледала со фудбалерот Огњен Врањеш. Според зборовите на соговорникот на „Курир“, Карлеуша не застанала во одбрана на жената која што цели 10 години стоела зад неа и и помагала за се’.

Душко одлучи работите да ги превземе во свои раце. Со години ја слушаше Јелена за се, не и се мешаше во ништо, но сега тоа се промени. За жал, од аферата на Карлеуша најдебелиот крај го извлече куќната помошничка. Фудбалерот се сомнева дека таа го криела Огњен кога доаѓал во нивниот дом, па затоа и даде отказ, а Јелена не можеше ништо да направи за да ја заштити, открил извор близок до семејството Тошиќ.

Изворот тврди дека дадилката професионално си ја извршувала својата работа и не сакала да се меша во нивната приватност.

Таа со Душко и Јелена преживеа се и сешто. Трпеше и навреди и понижувања, но и покрај нивното недолично однесување не им се мешаше во бурниот брачен живот. Се грижеше за децата, а не за љубовниците на Јелена. Душко истражи се и дозна дека кога Огњен доаѓал во нивниот дом, таа го пречекувала и затоа и даде отказ, додал соговорникот.

 

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време