Андријана Јаневска прозборе за смртта на својата мајка: „Велат дека времето лечи се’!“

Си ја отвори душата

Андријана Јаневска во интервју за „Бекстејџ“ за прв пат во јавноста прозборе за смртта на својата мајка. Познатата пејачка рече дека искрено се надева оти времето лечи се и дека болката со текот на времето која што ја чувствува после нејзиното заминување ќе ја снема.

Велат дека времето лечи се и јас искрено се надевам дека тоа е така. Болката не може да ја снема, но мораш да научиш да живееш со неа. За мене семејството е се’ и многу ми е важно и со помош на моите деца, сопруг се обидувам да го надминам тоа“, откри пејачката која после подолга пауза се враќа на музичката сцена и тоа со песна на хрватски јазик.

После повеќе од 20 години сосема случајно добив покана да снимам песна на хрватски јазик, потпишав договор со продукција од таму и веќе е снимено и видеото за првиот сингл. Имаме големи планови, но не можам да откријам се“, кажа пејачката.

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време