Марко и Матија имаат летен хит во најава!

Дует кој ги руши сите рекорди на слушаност

Марко Кутлиќ, момчето кое неодамна ја промовираше темата „Буди моја ноќ“ и кое откри дека заради предметот историја во училиште, но и омилениот пејач и свој музички идол Тоше Проески ја засакал Македонија, има нова песна. Овој пат станува збор за дуетот со наслов „Заплесала је с љетом“ и повторно истиот има огромна желба да го сподели со македонската публика.

Марко Кутлиќ и Матија Цвек се познати лица на музичката сцена во Хрватска. Предводници се на младата генерација музичари, а заради летниот хит ги здружија силите. Се работи за два врвни вокали, фузија на фанк и рок, што овој пат делува како добитна комбинација – првиот такт, вториот и песната веќе не излегува од глава. Музиката е нивна, односно тие се автори, текстот е на Матија и Александар Чубрило, а продукцијата на Алан Довиќ и Антонио Перина

Пријателството и дружењето резултираа со одлична песна, а двоецот не го крие воодушевувањето.

Се радувам заради оваа соработка. Мислам дека имаме супер квалитетна летна „зафрканција“. Марко е еден од најдобрите вокали на генерацијата и со мерак ќе ја пееме оваа песна во сите прилики“, вели Матија.

Најдобрите работи се случуваат од забава и случајно, пак, вели Марко:

Песната дојде сосема случајно и спонтано, како и сите најдобри работи во животот. Создадовме една сериозно-несериозна песна. Верувам дека ќе им се допадне на сите и дека луѓето брзо ќе ја засакаат и ќе уживаат во неа.“

За „Заплесала је с љетом“ е снимен и спот, под режисерската палка на Дарио Радусин, и во него освен Марко и Матија се појавуваат уште неколку познати лица кои одлично се вклопија ретро естетиката на приказната која го обележува целото видео.

Марко инаку во моментов е во фаза на снимање на вториот студиски албум, додека првенецот на Матија „Избирљиво и случајно“ сè уште одлично се држи на првата позиција кога станува збор за продажбата и слушаноста, а летото е пред нас – затоа Заиграјте со летото!

loading...

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време