Канје Вест се расплака поради својот брак со Ким Кардашијан

Го погодиле стиховите на песната

Фото: Getty Images

Канје Вест одржа забава во Лас Вегас, а поводот беше неговиот нов албум кој ќе се вика Донда, по неговата покојна мајка

На промоцијата, тој отпеа една од песните во кои наводно имало коментари за неговиот брак со ријалити-sвездата Ким Кардашијан.

Раперот наводно се расплакал на песната „Welcome to My Life“. Текстот на песната се однесува на неговиот развод со Ким, неговите објави на Твитер и неговата кандидатура за претседател на САД.

Кажете им на атентаторите дека избегав од Калабасас“, гласи стихот во кој Канје наводно го споредува животот во домот во Лос Анџелес со Ким со затвор.

Тоа е многу длабока, тажна песна за Канје што го рефлектира неговиот брак со Ким. Тој зборува за децата и споменува како Ким му одзела сè. Откако започна песната, Канје паузираше околу две минути и плачеше. Беше навистина мрачно – изјави изворот.

Ова ќе биде првиот албум што Канје ќе го објави по разводот со Ким Кардашијан.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време