Актерот Милан Калиниќ доби затворска казна заради тепачка на спортски натпревар

Осуден е на десет месеци затвор

Водителот и актерот Милан Калениќ е осуден на десет месеци затвор, условно на две години поради учество во тепачка на натпреварот Црвена ѕвезда и Партизан во април 2019 година.

Покрај условната казна, Милан е санкциониран и финасиски односно 50. 000 денари.

Според пресудата, Калениќ една година нема да може да присуствува на натпреварот „Црвена ѕвезда“. Меѓутоа, постои уште еден услов. Имено, секој пат кога кошаркарите на „Ѕвезда“ ќе играат натпревар, водителот ќе мора да се јавува во полиција и да остане таму додека не заврши натпреварот.

Потсетуваме, во април 2019 година пред кошаркарскиот натпревар меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан дојде до тепачка во која учествуваше и Милан Калениќ. До конфликт дојде поради место во делот ВИП.

loading...

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време