Запознајте се со дел од пријавените учеснички во категоријата Beauty: Станете и вие U&Z Influencer!

Уште 4 дена до крајот на конкурсот!

Ситно броиме до затворањето на конкурсот за „U&Z Influencer Awards“

Остануваат уште четири дена до затворањето на конкурсот за учество во „U&Z Influencer Awards“, настан кој првпат се одржува во Македонија, а кој претставува можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција во нив потпишувајќи договор со покровителите на една од осумте категории на натпреварот и освојувајќи вредна награда. Пријавувањето трае до 15-ти септември.

Како да се пријавите? Кои критериуми треба да ги исполнувате? Кои ќе бидат вашите задачи и какви награди можете да освоите? Сите овие информации ќе ги најдете на овој ЛИНК.

Со самото учество во мини-натпреварот си обезбедувате и место на гала-настанот, кој ќе се одржи на 4 декември во Ragusa Rooftop 360.  На гала-свеченоста ќе им бидат доделени статуетки на победниците во категориите и ќе се избере U&Z Influence Star, која ќе ја краси насловната страница на декемвриското издание на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“.

Не заборавајте дека пријавувањето трае до 15 септември, што значи дека ви остануваат уште четири дена за да учествувате во овој уникатен конкурс!

Во наредните денови ќе објавуваме дел од пријавените учесници во осумте категории, а денес ви претставуваме дел од инфлуенсерките пријавени во категоријата Beauty

Ивана Белеска

https://www.instagram.com/p/B1ysirahhs3/

Ана Стојанова

https://www.instagram.com/p/B2MesyzgEGK/

Барбара Бочварова

https://www.instagram.com/p/B1lftVangWl/

Сара Јанева

https://www.instagram.com/p/B1qY5ABCkUf/

Ангела Василевска

https://www.instagram.com/p/B2MpYxfgFMM/

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! И станете Influencer Star!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.