Уште 5 дена до затворањето на конкурсот: Не пропуштајте ја можноста да станете U&Z Influencer!

Пријавете се и освојте вредни награди!

Ситно броиме до затворањето на конкурсот за „U&Z Influencer Awards“

Остануваат уште пет дена до затворањето на конкурсот за учество во „U&Z Influencer Awards“, настан кој првпат се одржува во Македонија, а кој претставува можност да станете влијателна личност на социјалните мрежи или да ја зацврстите својата позиција во нив потпишувајќи договор со покровителите на една од осумте категории на натпреварот и освојувајќи вредна награда. Пријавувањето трае до 15-ти септември.

Како да се пријавите?

Се пријавувате на нашата имејл-адреса redakcija@ubavinaizdravje.mk, ги оставате вашето име и презиме, телефонскиот број и линкот до вашиот инстаграм-профил. Ја назначувате и категоријата за која се пријавувате – Beauty, Travel, Fashion, Food, Lifestyle, Insta man, U&Z Influence Star и осмата, специјална категорија – Happiness (Среќа), #ВклучиСеЗаСреќа, #МинутиНаСреќа, во која учество ќе можат да земат сите учесници со навршени 18 години, без разлика на бројот на следбеници на Фејсбук и на Инстаграм.

Кои критериуми треба да ги исполнувате?

Правилата за учество во натпреварот се едноставни: ако имате меѓу 18 и 40 години и над 2.000 следбеници (со исклучок на осмата категорија – Happiness – Среќа, за која доколку сакате да се пријавите не мора да имате повеќе од 2.000 следбеници, но МОРА да имате 18+ години!), испратете ни мејл, направете креативна фотографија или видео-клип со печатеното издание на „Убавина и здравје“ и објавете ги на вашиот профил, притоа означувајќи ги нашиот инстаграм и фејсбук-профил. И задолжително додајте ги хаштазите #ubavinaizdravje, #ВклучиСеЗаСреќа #uzinfluencers2019 #uzinfluencersawards  #VIOLETAandUZ!

Кои ќе бидат вашите задачи?

Пријавените инфлуенсери ќе добијат разни предизвици од покровителите на категоријата во која се пријавиле во текот на месеците што следат. Главен спонзор на „U&Z Influencer Awards“ е Violeta. Лото 7 е официјален партнер за среќа, а дел од покровителите на горенаведените категории се KFC и B-Watch (останатите покровители ќе бидат дополнително објавени).

Награди!

Победникот во секоја категорија ќе добие вредни подароци, а некои ќе имаат  можност да склучат договори за спонзорство со брендот што ќе биде носител на дадената категорија. Сите учесници ќе добијат подароци од нашите почитувани клиенти и спонзори, а со самото учество во мини-натпреварот си обезбедувате и место на гала-настанот, кој ќе се одржи на 4 декември во Ragusa Rooftop 360.  На гала-свеченоста ќе им бидат доделени статуетки на победниците во категориите и ќе се избере U&Z Influence Star, која ќе ја краси насловната страница на декемвриското издание на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје“.

Не заборавајте дека пријавувањето трае до 15 септември, што значи дека ви остануваат уште пет дена за да учествувате во овој уникатен конкурс!

Во наредните денови ќе објавуваме дел од пријавените учесници во осумте категории, а денес ви претставуваме дел од инфлуенсерките пријавени во категоријата Fashion…

Александра Шијакоска

https://www.instagram.com/p/B1gUIETH2ie/

Маринела Ѓ. Милошевска

https://www.instagram.com/p/B1ZEGuTHaVs/

Никица Ацева

https://www.instagram.com/p/By7kUHVHrRv/

Валерија Преспаноска

https://www.instagram.com/p/B1v6zLZnsCi/

Елена Ѓорговска

https://www.instagram.com/p/B117MowHJWh/

 

 

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè!И станете Influencer Star!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.