Зошто не можете да ослабите, а држите диета: Никогаш нема да ги вратите килограмите со помош на овие трикови!

Трикот е во ова!

Ако спаѓате во оние што пробале разни диети кои не помагаат, ви откриваме каде е проблемот

Вишокот килограми е проблем што мачи многу луѓе, па затоа практикувањето разни диети е се’ почесто.

Но, иако можеби мислите дека ќе ослабите со помош на диета, некогаш тоа едноставно не ви оди од рака. Се прашувате зошто?

Диетите едноставно не функционираат, а тоа го потврдуваат многу научници и разни истражувања.

Намалувањето на килограмите за време на диетата е само привремено

Голем проблем кај диетите е тоа што килограмите секогаш се враќаат по некое време. Тоа го потврдуваат и бројни истражувања, како што е она од Медицинскиот факултет на Харвард.

Имено, испитаниците што учествувале во истражувањето за време на диетата, во просек изгубиле околу 22 килограми. По три години, нивната тежина била малку пониска од онаа што ја имале пред диетата.

„На почетокот од секоја диета, губиме околу 5 до 10% од тежината, но на повеќето луѓе килограмите им се враќаат со текот на времето“, открило истражувањето.

Диетите ја претвораат храната во непријател

Јадењето би требало да биде уживање, па ако го сметате за непријател, само ќе ја нарушите исхраната. Дури и оние диети што се опишуваат како сосема здрави, може да предизвикаат разни нарушувања, како на пример, орторексија – опсесија со здрава храна. За да не си го нарушите здравјето, јадете умерено.

Диетите влијаат врз вашата перцепција за глад

Поголемиот дел од времето што го минувате на диета, вие всушност сте ориентирани на игнорирањето глад. А тоа со текот на времето го отежнува регулирањето на килограмите. Тоа го зголемува ризикот дека ќе почнете да јадете повеќе одошто треба на емотивна база или од досада.

Метаболизмот може да се забави поради диетата

За да ослабите, треба да бидете во калориски дефицит, што значи дека вашето тело треба да согорува повеќе килограми одошто внесувате. Намаленото внесување калории доведува до нарушување на работата на вашиот метаболизам.

Истражувањата покажале дека луѓето што држат нискокалорична диета губат помалку килограми од оние што внесуваат повеќе калории. Односно, телото го забавува метаболизмот за да ги искористи калориите што ги внесувате на најдобар можен начин.

Диетата може да ве поттикне да се прејадувате.

Диетата не е баш пријатно искуство, бидејќи не ја јадете храната што навистина ја сакате. Тоа предизвикува стрес, што не му оди во корист на губењето килограми. Притоа, се лачи хормонот за стрес, кортизол, поврзан со прејадувањето, што го покачува нивото на инсулин и го намалува нивото на шеќер. Поради тоа, ќе ви се јади масна храна и благо.

Наместо да водите борба со диетите, за да ја намалите тежината, пробајте неколку здрави трикови:

Гответе си ги оброците

Можеби ќе ви одземе повеќе време од купувањето готови јадења, но приготвувањето на сопствени оброци има многу предности. На тој начин ќе заштедите пари и  ќе знаете какви состојки содржат вашите оброци.

Јадете совесно

Немојте да јадете пред телевизор. Бидете присутни во моментот кога јадете за да го одбегнете прејадувањето.

Внесете повеќе протеини во исхраната

Со повеќе протеини, ќе се намали апетитот, ќе се забрза согорувањето маснотии, а и патот до градењето мускули ќе биде полесен.

Јадете грицки

Целта не е да се фокусирате исклучиво на три оброка дневно, туку да се префрлите на здрава алтернатива. Солените и слатки грицки се добар избор.

Не пијте калории

Треба да знаете дека соковите, инстант-кафето и алкохолот се преполни со калории, кои се непријатели на добрата линија.

Користете помали чинии

Одличен трик што ќе ви помогне да ја доведете вашата линија во нормала. Ако јадете од помали чинии, ќе го излажете мозокот, а телото самото ќе ви каже дали таа количина му е доволна или, сепак, ви треба уште половина чинија.

Хидрирајте го вашето тело

Консумирањето вода е еден од главните начини да останете здрави и да ја поттикнете работата на вашиот метаболизам.

Наспијте се

Заморот ја поттикнува појавата на глад и желбата за храна, односно влијае врз нивото на хормонот за ситост и глад, па така предизвикува зголемување на тежината.

На етикетите барајте состојки, а не калории

Некои производи може да содржат само 100 калории, но ако содржат и десетина грама шеќер, со нив нема да ослабите на здрав начин.

Бидете трпеливи

Салатата е лесен оброк кој веднаш ќе ве засити, па затоа е добар избор. Ако ја внесете во вашата исхрана, нема магично да ја поправите линија, но тоа не треба да ви биде целта. Клучот е полека да ги губите несаканите килограми за да не ви се јави бумеранг-ефект.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.