3 трика за најсовршената маринада: Вака ќе го направите најсочното и најмекото месо што сте го пробале!

Генијално!

Во продолжение прочитајте ги трите најефикасни методи на маринирање месо

Правилното маринирање на месото е многу важно за да приготвите совршено вкусен ручек. Со помош на овој процес ќе добиете подобар вкус, текстура и арома.

Киселкава маринада

Киселините што се користат во маринадите, како што се оцетот и лимоновиот сок, се природни средства за омекнување на месото. Месото ќе биде помеко ако го маринирате подолго, но не смеете да претерате, бидејќи парчето месо може да ја промени текстурата и да стане премногу кашесто.

Сол

Освен што е неизоставен зачин што го подобрува вкусот на јадењата, солта е и делотворно средство што го омекнува месото.

  • Посипете го месото со поголема количина на сол, доволно за да се создаде бел, видлив слој од сол.
  • Оставете го да отстои околу час и половина.
  • Потоа, измијте го со ладна вода и исушете го пред готвењето.

Месото ќе ја впие солта и ќе ги испушти сите сокови додека седи во солта. А кога ќе го измиете, ќе добиете совршено парче меко месо, без страв дека ќе биде пресолено.

Сода бикарбона

Користењето сода бикарбона за омекнување на месото е трик што често се користи во кинеската кујна.

Најефикасна е кога се става на помало парче месо, како што се оние што се користат за варива.

  • Ставете 1 лажица сода бикарбона на секое парче и добро измешајте.
  • Ако месото е многу суво, додајте малку вода, оставете го да отстои околу 15 до 20 минути.
  • Добро измијте го за да ја отстраните содата бикарбона.
  • Внимателно исушете го месото пред да почнете да го готвите.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.