Запознајте ги Вера, Катерина и Евгенија – Три млади девојки со одлична енергија и супер изведби!

Кандидати од третата емисија „Заблескај“

Во понеделникот премиерно беше прикажана третата емисија од музичкото талент шоу „Заблескај“ каде во жири беа Бојана Скендеровски и Николче Мицевски.

Честа да ја отвори третата аудиција ја имаше Вера Петкова, 19 години – „Hypnotized” – Sophie and The Giants & Purple Disco Machine.

Вера е по потекло од Битола, но живее во Крива Паланка. Има повеќе музички идоли, а за свои музи ги смета Адел и Лејди Гага. Свири пијано од својата шеста година, пее од основно училиште, а нешто подоцна почнува да се занимава и со свирење гитара. Нејзини очекувања од „Заблескај“ се првично критики за подобрување и рекогниција за напредок.

Браво, одлична изведба, голем плус што свири на гитара, феноменален почеток, прокоментира жирито.

Втора изведба која ја видовме беше на Катерина Богдановска која ја испеа „Let’s go home together“ – Ella Henderson.

Катерина живее во Скопје, а нејзини омилени пејачки се Тамара Тодевска и Адел. Три години активно го посетува училишниот хор, а паралелно изучува и странски јазици. После учеството во „Заблескај“ очекува почеток на нејзина музичка кариера и соработки со различни музички ѕвезди.

19- годишната Евгенија Јованова ја испеа својата авторска песна „ Hope“.

Евгенија доаѓа од Виница, а во рамки на „Заблескај“ се претстави со своја авторска песна која е снимена на англиски јазик. Нејзини музички идоли се Ед Ширан, Елена Ристеска и Каролина Гочева. Музиката е нејзино хоби уште од мали нозе и секое слободно време го користи за да пее и свири на гитара и клавир.

Се гледа дека е талентирана, одлична изведба, рече Бојана.

Пријавувањата за „Заблескај“ се завршени, а наскоро следуваат детали за големото полуфинале и финале.

Во полуфинале влегуваат најмалку 12 полуфиналисти.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.