Како влијае студениот туш пред спиење врз вашиот сон?

Истражувања откриваат

Наизменично туширање со топла и ладна вода ќе го зајакне вашиот имунитет.

Самото спомнување на ладна вода може направи да ве чеша кожата, сепак, сè повеќе се зборува за придобивките и од студениот туш, особено кога станува збор за подобро спиење навечер. Со години се веруваше дека студената бања е начин за заживување на организмот, а носи и придобивки како зајакнување на имунитетниот систем, зајакнување на целокупното чувство на виталност и подобрување на циркулацијата на крвта и подобар сон.

Сепак, нема многу конкретни истражувања. Постарите истражувања покажаа дека изложеноста на студ го активира нервниот систем и телото ослободува хормони како што е кортизол, бидејќи покачените нивоа на кортизол се поврзани со слаб сон. Затоа ладен туш пред спиење би бил корисен бидејќи кортизолот се ослободува и се намалува, а спиењето е полесно и подобро.

Студија од 2016 година покажа дека студениот туш може да го зајакне вашиот имунолошки систем. Тие собраа повеќе од 3.000 учесници во четири групи: едната група се тушираше со топла вода, додека три групи се тушираа со топла и наизменично ладна вода – 30, 60 или 90 секунди на крајот од тушот. Студијата измери фактори како што се пријавени болести и боледувања во текот на следниот месец. Откриено е дека оние кои се истуширале со ладна вода имале 29% помалку „болни“ денови од оние кои се туширале без ладна вода. Заклучокот беше дека студената вода помага да се намали интензитетот на симптомите за време на болеста.

Познато е дека професионалните спортисти користат ледени бањи и облоги за смирување на болните мускули.

Од друга страна, студија од 2016 година за истражување на ефектите од тушевите со ладна вода открила дека испитаниците пријавиле трајно чувство на студенило во нивното тело, вклучително и на нозете и рацете.

Во секој случај, веруваме дека малку ладна вода нема да повреди никому. Туширањето со ладна вода пред спиење ќе ви помогне во циркулацијата на целото тело и ќе ви го олесни заспивањето затоа што на некој начин ќе ве смири.

Прочитајте и: 12 причини зошто со текот на годините стануваме помалку емпатични кон луѓето

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.