Еве како да ги дознаете најважните работи за мажот што ви се допаѓа, и тоа за 5 минути: Ефективен метод на Вуди Ален

Проверено функционира

Начинот на којшто некој зборува за другите може многу да каже за тој човек, па затоа само слушајте внимателно

Сте ја слушнале изреката: „За да запознаете некого мора да изедете килограм сол со него?“. Потребно е само внимателно да слушате и сè ќе ви се открие самото по себе.

На прашањето како навистина да запознаат некој маж, психолозите ги советуваат жените да предизвикаат гнев кај мажот. Во таа состојба, тој ќе ја симне маската и ќе го покаже своето вистинско лице. Кога човек е лут, од него излегува сето тоа што внимателно го криел.

Една жена психолог користела техника до која со години се придржувала. Имено, во првите месеци од врската, тогаш кога ѝ било најубаво, таа му се јавувала на партнерот и хистерично му објаснувала дека била ограбена или дека автомобилот ѝ застанал сред пат, дека нешто се расипало – измислувала кризна ситуација. Доколку тој се појавел веднаш за да ја спаси од неволја, го поминал тестот. Би се изненадиле кога би слушнале колкумина од нив измислувале изговор за да не ѝ помогнат.

Пауло Колејо исто така кажал нешто на темава што треба да го прочитате…

„Ако можете да ја видите убавината, тоа е така само затоа што ја носите убавината во себе. Бидејќи светот е како огледало во кое секој си го гледа својот одраз.“

Го гледаме само она што сакаме да го видиме.

Постои верување дека не може да му се суди на човек врз основа на неговите зборови, туку само врз основа на неговите дела. Но сепак не треба да ги занемарите зборовите. Слушајте внимателно што ви зборува, анализирајте го тоа детално…

Секој може да ви подари цвеќе, да ве однесе на вечера, но неговата внатрешност можете да ја откриете само врз основа на тоа како тој зборува за другите.

Вуди Ален им дал совет на жените…

„Ако сакате да запознаете некој маж, не слушајте што зборуваат другите за него. Подобро е да слушате што тој зборува за другите.“

Можеби звучи неверојатно, но мажите воопшто не „паѓаат“ на вакви жени!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.