Можеби звучи неверојатно, но мажите воопшто не „паѓаат“ на вакви жени!

Факт е дека жените сакаат хумористични мажи, но што сакаат мажите?

Знаеме дека смешните мажи се вреднуваат и дека хуморот е исклучително моќно оружје на посилниот пол во заведувањето на жените. А што е кога ситуацијата е обратна?

Истражувачите откриле дека кога мажите се обидуваат да ја насмеат жената, таа е повеќе заинтересирана за нив во романтична смисла, но истото не важи и кога жените се обидуваат да бидат смешни.

Мажите често велат дека сакаат смешни девојки, но новото истражување на Универзитетот во Канзас покажува дека тоа не е баш така.

Истражувачите го потврдија првиот заклучок: колку повеќе шеги мажот ѝ кажува на жената, толку е поголема веројатноста таа да оствари физички контакт со него. Но, кога една жена кажала шега на која мажот се смее, тоа не ја зголемило шансата за врска.

Во серија експерименти, волонтерите требале да ги проучат профилите на Фејсбук и да ги оценат нивните квалитети. Потоа биле организирани низа „слепи средби“ на кои партнерите разговарале по десет минути. Истражувачите подоцна ги анализирале разговорите и откриле дека кога мажите се обидувале да ја насмеат жената, таа била повеќе заинтересирана за нив романтично. Но, истото не било точно кога жените се обидувале да бидат духовити.

Научниците дошле до друг заклучок, дека жените хуморот го поврзуваат со екстровертност, а не со интелигенција. Претходно, претпоставката беше дека жените ги привлекуваат смешни мажи затоа што верувале дека таквите типови се поинтелигентни. Новата претпоставка е дека жените сакаат смешни мажи бидејќи мислат дека нивната врска со нив ќе биде позабавна и животот ќе им биде полесен.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.