Како да ја спречите непријатната тишина и лесно да започнете разговор со непозната личност?

Еве како да ја избегнете непријатноста за време на запознавање со некого...

Досега сигурно сте се нашле во ситуација да треба првпат да се претставите на непозната личност. За денес ви подготвивме неколку совети кои ќе ви помогнат да се дружите со непознати каде и да сте.

Што да се каже прво?

Најлесен начин да соберете храброст да започнете разговор со некого е да се претставите себеси. Едноставно кажете му го вашето име и започнете разговор за некоја тема.

Коментар

Можете да коментирате за присуство на настан, облека, стил и други работи за кои мислите дека би можеле да помогнат во продолжувањето на разговорот со вашиот соговорник. Но, внимавајте да не претерате со комплименти и лични мислења и не употребувајте зборови кои не им се допаѓаат на сите.

Фокусирајте се на вашиот нов пријател

Ова не е важно само за да започнете разговор, туку и да продолжите. Прашајте го соговорникот каде живее, што работи во живот или која е неговата омилена активност или хоби. Никогаш не се знае, можеби ќе најдете многу заеднички теми. Само обидете се вашиот разговор да не звучи како интервју.

Разговарајте за училиште или работа

Ова е одличен почеток на разговор. Речиси секој прв разговор со непознати е за работа или училиште. Но, не се фокусирајте премногу на кариерата, бидејќи можете брзо да го завршите разговорот.

Избегнувајте да зборувате за актуелните настани

Додека некои уживаат да разговараат за најновите случувања, некои луѓе не се чувствуваат удобно во такви разговори. Односно, можете да го завршите разговорот ако изберете несоодветна тема.

Разговарајте за вашите хоби

Ако започнете разговор за хоби со вашиот соговорник, можете да отворите многу дискусии. За да го продолжите разговорот, следете прашања како: „Како се вклучивте во тоа? или “Колку долго уживате во вашето хоби?”

Следниот пат кога ќе се најдете во друштво на странци, само подадете ја раката и преставете се, комбинирајте неколку наши совети и сигурно ќе ја отстраните непријатната тишина што може да постои меѓу двајца непознати.

Коментарите се заклучени.