Жената на својот живот ја запознал зад шанкот, а нејзината ќерка ја воспитал како свое дете: Прељубата е незамислива за познатиот актер и еве зошто важи за најдобар холивудски сопруг

Мет Дејмон

Неговата љубовна и семејна приказна е позитивен пример Холивуд. Нема скандали, прељуба и слични интриги.

Приказната за Мет Дејмон и Лусијана Баросо почнала во едно кафуле во Мајами додека Дејмон работел на комедијата Stuck On You.

Не знам како инаку би ни се вкрстиле патиштата ако тоа не се случеше тогаш, изјави актерот и режисер во 2011 година во шоуто на Елен Деџенерис.

Случајност или не, комедијата требало да се снима на Хаваи, но режисерите сепак одлучиле да ја снимаат во Мајами.

Една вечер, среде снимањето, неколку момци од екипата рекоа: „Еј, ајде да одиме да пиеме“.

 

И така отишле во кафулето во кое Лусијана работела како шанкерка.

Веднаш ја забележав во преполната просторија, рече тој, додека Лусијана во интервјуто за „Вог“ раскажа малку поинаква верзија:

Мет вели дека ме видел од другата страна на собата и дека паѓала светлина врз мене. Па да, тоа беше ноќен клуб, имаше светла насекаде.

Луѓето го препознале и почнале да му бараат автограм и да се фотографираат со него…

Ситуацијата стана некако агресивна бидејќи луѓето пиеја, па дојде и се сокри зад мојот шанк… „Те видов и многу сакав да разговарам со тебе“, ми рече, откри таа.

Лусијана му рекла дека ќе мора да ѝ помогне во работата доколку се задржи зад шанкот цела вечер.

Години пред тоа, Мет се подготвуваше за улогата на шанкер, па почна да приготвува пијалаци. И  заработи огромен бакшиш таа вечер, рече таа и продолжи:

Дефинитивно се поврзавме веднаш, беше толку лесен за разговор, ни беше многу удобно, а кон крајот на ноќта побара да излеземе со неговите пријатели. Му реков: „Не можам, имам четиригодишна ќерка“.

Лусијана била самохрана мајка, а Дејмон ја освоил со својот став, кога ѝ рекол:

Ми се допаѓа што си мајка и што тоа ти е приоритет.

Дејмон ја воспитал Алексија Баросо, која денес има 24 години, како свое дете. Со Лусијана има три ќерки, Изабела (16), Гиа (14) и Стела (12).

Фото: Профимедија

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.