Убавата Теона Илиевска ја воодушеви жири комисијата на „Заблескај“: „Победата не ми беше главен мотив, дојдов да ја почувствувам сцената“

„Ќе продолжам да се натпреварувам“

Пред неколку дена се одржа финалето на музичкото онлајн талент-шоу „Заблескај“, а во недела во 21 часот ќе имате можност и вие да дознаете кој од учесниците е победник во втората сезона.

Една од пријавените учеснички беше и харизматичната Теона Илиевска, која со својот уникатен глас ги освои симпатиите на жири-комисијата составена од: Николче Мицевски, Александра Јанева, Антонио Димитриевски и Маја Кикириткова.

Поразговаравме со Теона за нејзините впечатоци од шоуто

Ова е мое прво претставување пред публика и жири и задоволна сум. Но, знам дека можам многу подобро. Жирито си ја вршеше добро работата според мене, и секоја критика е добредојдена. Особено како пејачка ја ценам Александра Јанева, нејзините критики и позитивни коментари ги прифатив во целост. 

Морам да признаам  дека не дојдов со намера да победам, туку да ја почувстувам сцената за прв пат. Увидов дека не е лесно, поточно страшно е, но имам намера да продолжам по патот по кој сум тргнала и да се пријавам повторно на музичко шоу, ако треба повторно нека биде и во шоуто “Заблескај”, изјави Теона за „Убавина и здравје“ и дополни дека ќе продолжи да вежба и да се труди да ја изгради полека својата кариера. 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.