Младата Ангела Илиевска задоволна од својот настап на „Заблескај“: Жирито беше реално со своите коментари! (ФОТО)

Заблескај!

Пред неколку дена се одржа финалето на музичкото онлајн талент-шоу „Заблескај“, а во недела во 21 часот ќе имате можност и вие да дознаете кој од учесниците е победник во втората сезона.

Една од пријавените учеснички беше и младата Ангела Илиевска, која со својот совршен глас ги освои симпатиите на жири-комисијата составена од: Николче Мицевски, Александра Јанева, Антонио Димитриевски и Маја Кикириткова.

Поразговаравме со Ангела за нејзините впечатоци од шоуто, а ова се нејзините одговори:

Колку си задоволна од твоето претставување во „Заблескај”?
– Јас сум задоволна од мојот настап искуство плус.

Дали коментарите на жирито беа реални, според тебе?
– Жирито беше реално со своите коментари, и сите критики.

Чиј коментар најмногу ти се допадна?
– Сите коментари ми се допаднаа но би ја издвоила Александра Јанева.

Очекуваше ли да победиш?
– Сите се надевавме на победа бидејќи бевме одлични, но сепак сме победници штом стигнавме до финале.

Би се пријавила ли повторно?
– Не би откажала вакви прилики никогаш, каде што ќе бидам опкружена со убаво друштво, секако дека да.

Кои се твоите музички планови?
– Моите планови се да продолжам со снимање на мои песни, настапи и градење кариера, рамо до рамо со професионалци и најуспешните личности.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.