Ангел Јунтев заблеска на „Заблескај“: „Презадоволен сум, повторно би се пријавил на шоуто“

„Сакам да основам свој бенд и да настапувам“

Пред неколку дена се одржа финалето на музичкото онлајн талент-шоу „Заблескај“, а во недела во 21 часот ќе имате можност и вие да дознаете кој од учесниците е победник во втората сезона.

Еден од пријавените учесници беше и младиот Ангел Јунтев, кој со својот преубав лас и талент за музика ги освои симпатиите на жири-комисијата составена од: Николче Мицевски, Александра Јанева, Антонио Димитриевски и Маја Кикириткова.

Поразговаравме со Ангел за неговите впечатоци од шоуто, а ова се неговите одговори:

Колку си задоволен од твоето претставување во „Заблескај”?

Презадоволен сум од мојот настап и целата продукција.

Дали коментарите на жирито беа реални, според тебе?

– Жирито даде реални коментари за мојот настап

Чиј коментар најмногу ти се допадна?
– Коментарот на Александра Јанева но и на Антонио Димитриевски кој кажа дека се двоуми дали победникот треба да биде машки или женски изведувач.

Очекуваше ли да победиш?

-Да, очекував јас да бидам победникот.

Би се пријавил ли повторно?

-Да, апсолутно би се пријавил повторно бидејќи беше одлично искуство.

Кои се твоите музички планови?

-Да основам свој бенд и да настапувам во локали и дискотеки.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.