Бред Пит ја тужи Анџелина Џоли: Тајно му го продала виноградот без негова дозвола! (ФОТО)

Проблем...

Фото: Getty Images

Актерката Анџелина Џоли, поранешната сопруга на актерот Бред Пит ја продала половината од нивниот виноград во Франција на еден руски олигарх – пишува „Дејли Мејл“.

Вредноста на виноградот се проценува на 160 милиони долари и двајцата за време на нивниот брак се договориле никој од нив двајца да не го продава својот дел без дозвола на другиот, меѓутоа, актерката по се изгледа не го испочитувала тоа.

Кога дознал дека Анџелина ја продала својата половина и дека ќе има нови партнери, Брд Пит бил прилично нервозен.

Во правните списи поднесени во Лос Анџелес во четвртокот, се укажува на тоа дека актерот помогнал да се зголеми профитот на виноградот, кој се смета за еден од најценетите за производство на розово вино.

Адвокатите на Пит тврдат дека Џоли тајно го продала својот дел уште во 2021 година, по проблемот кој го имале околу старателството над децата.

„Како што ќе се докаже на суд, тоа што го направила Анџелина било незаконски и дека сериозно го оштетила Пит, со цел неправедно да се збогати“ – пишува во документот кој го објавиле „Дејли Мејл“.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.