Харизматичната Викторија Захаријева по финалето на „Заблескај“ се „фрла“ на снимање авторски песни! (ФОТО)

Нејзиното време допрва доаѓа...

Пред неколку дена се одржа финалето на музичкото онлајн талент-шоу „Заблескај“, а во недела во 21 часот ќе имате можност и вие да дознаете кој од учесниците е победник во втората сезона.

Една од пријавените учеснички беше и младата Викторија Захаријева, која со својот совршен глас ги освои симпатиите на жири-комисијата составена од: Николче Мицевски, Александра Јанева, Антонио Димитриевски и Маја Кикириткова.

Поразговаравме со Викторија за нејзините впечатоци од шоуто, а ова се нејзините одговори:

Колку си задоволна од твоето претставување во „Заблескај”?
– Задоволна сум премногу од моето претставување во шоуто „Заблескај“.

Дали коментарите на жирито беа реални, според тебе?
– Да!

Чиј коментар најмногу ти се допадна?
– Сите коментари ми се допаднаа затоа што сите беа искрени и реални.

Очекуваше ли да победиш?
– Не.

Би се пријавила ли повторно?
– Секако дека да.

Кои се твоите музички планови?
– Си имам свој бенд, настапуваме низ цела Македонија,учам средно музичко, работиме моментално и на авторска музика, така да мојот план е само бендот и музиката

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.