Цеца Ражнатовиќ и Аца Лукас веќе не се дружат: „Пукна“ пријателството старо 20 години

Нешто не е во ред

Цеца Ражнатовиќ и Аца Лукас ненадејно престанаа да се дружат и да се посетуваат, иако изминативе години тоа им беше редовна практика. Во прилог на тоа оди и фактот што пејачите се отследија на Инстаграм и повеќе не разменуваат „лајкови“. Лукас последен пат лајкувал објава на Цеца на 20 јануари годинава, а Цеца на Лукас точно еден месец подоцна. Инаку, пејачот на Инстаграм следи 20-тина колеги, но Цеца веќе не е меѓу нив. Ист е случајот и од нејзина страна.

Цеца и Аца се сакаа и се почитуваа како брат и сестра. Во најдобрите и во најлошите околности, секогаш беа еден покрај друг, поддржувајќи се, особено во приватниот живот. Не постоеја родендени, слави и, генерално, прослави на кои не одеа еден кај друг. Дури и нивните деца се зближија и се дружеа. Меѓутоа, сега се’ е поинаку. Во почеток на декември речиси престанаа да се слушаат по телефон, а немаше можност ни да се сретнат на снимањата. Со месеци не се видени заедно дури ни на собиранките на заедничките колеги и пријатели, а Цеца воопшто не го спомнува. Исто е и со Лукас, кога и да се спомне Цеца, тој ја менува темата. Не зборува лошо за неа, туку едноставно ја избегнува темата“, раскажа извор близок на фолк-пејачите.

На голем број заеднички пријатели ова им е многу чудно, особено поради фактот што Ражнатовиќ и Лукас секогаш имале пофални зборови еден за друг. Цеца неколкупати истакнуваше дека Аца е еден од нејзините најблиски пријатели и дека ништо не би можело да го наруши нивното 20-годишно пријателство.

 

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време