Толку беше и од оваа љубовна врска: Популарниот актер повторно сам

Сакал да биде со децата

По љубовна врска од една година, холивудскиот актер Бен Афлек и неговата колешка Ана де Армас раскинаа, пренесуваат американските медиуми. Според написот на Page Six, оскаровецот за Ана смета дека е „прекрасна личност, но тој сака повеќе време да биде сосвоите три деца, кои ги доби во бракот со Џенифер Гарнер.

Ана е супер, но мислам дека двајцата се разделија затоа што Бен има семејство и сака да биде со своите деца, а Ана е на сосема друго место во нејзиниот живот“, открил извор близок до Бен.

Инаку, Бен и Ана долго време живееја заедно за време на карантинот. Пред празниците, глумицата била во посета на своето семејство, што ги поттикна гласините за нивната разделба. Изворот открива дека иако двајцата прекинаа, меѓу нив има уште љубов и дека и двајцата ќе останат добри пријатели.

 

Ана имаше силно позитивно влијание врз него. Таа го поттикнуваше отворено да зборува за алкохолизмот“, дополнил изворот.

За потсетување, Бен и Ана се запознаа за време на снимањето на сетот за Deep Water.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A N A D E A R M A S (@ana_d_armas)

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.