Шерон Стоун ги запалила социјалните мрежи: Еве како изгледа ѕвездата на „Основен инстинкт“ на 62 години!

Неверојатна

Актерката Шерон Стоун беше светски секс-симбол откако неколку пати ги прекрсти нозете во филмот „Основен инстинкт“ на почетокот од 1990-те години, а денес сѐ уште заведува со своите објави на Инстаграм

Убавата 62-годишна актерка со голи нозе се потпрела на тросед пред портрет на Мерилин Монро за фотографија што ја направила стилистката на славни личности, Либи Парис.

„Не само што сум воодушевена, туку сум и благодарна што на 62 години сѐ уште позирам“, напишала Шерон Стоун во својата неодамнешна објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Актерката на себе носела црно боди и златни чевли со високи потпетици. Но врвот сепак била раскопчаната свилена блуза со дезенот што го прослави покојниот моден дизајнер Џани Версаче во далечните 1980-ти.

На актерката, за нејзината неуморна хуманитарна работа поврзана со ХИВ/СИДА неодамна ѝ оддал почест доктор Ентони Фаучи. Шерон Стоун исто така е многу активна за промовирање епидемиолошки мерки поврзани со ковид-19.

Сестрата на актерката Кели и нејзиниот сопруг се заразиле со коронавирус и сѐ уште страдаат од последиците.

Шерон Стоун (62) изгледа ако девојка: Ја истакнала витата фигура со нејзиниот одличен есенски стајлинг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.