Сестрите Кардашијан внесоа немир во Портофино: Кортни шета како готик-невеста, а Ким Кардашијан – БОСА! (ФОТО)

Во центарот на вниманието... секогаш!

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер третпат ќе си кажат „да“ еден на друг денес, на 22 мај, во прекрасното италијанско приморско гратче.

Прославата ќе се одржи на тврдина во Портофино, а според досегашните фотки направени со дрон, локацијата изгледа совршено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kourtney ☀️ (@worldkourtney)

Иако на фотките не е сè подготвено за свадбата, јасно е дека Тревис и Кортни одбрале навистина волшебна локација за овој посебен ден.

И додека невестата шета низ „чаршијата“ облечена во црно од глава до петици, сепак, Ким Кардашијан повторно го „украде“ целото внимание на сестра си – прошета боса низ италијанското село.

Всушност, прво се појави во сандали, но набрзо заврши без нив.

Инаку, присуството на кланот Кардашијан-Џенер во Портофино дефинитивно го вознемири секојдневјето на ова идилично италијанско гратче.

Сите погледи се вперени во нив!

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.