Популарната манекенка открива дека едвај го преживеала породувањето: „Ова не беше лесно, но вредеше“

Компликации

Ешли Греам во јануари стана мајка на близнаци, а судејќи по интервјуто што неодамна го даде за „Пејџ сикс“, плус-сајз манекенката едвај го преживеала породувањето, кое се случило во нејзината бања, поточно во када, за време на кое ѝ се слошило поради обилно крварење.

Во тие моменти, Ешли била опкружена со „тим од вешти и обучени професионалци“ и нејзиниот сопруг Џастин Ервин, а се сеќава само како во еден момент ѝ се „стемнило“ и гледала „ѕвезди“.

Кога се освестила, манекенката тврди дека насекаде имало крв, а подоцна дознала дека изгубила „литри“.

Не сакаа да ми кажат дека една од акушерките морала да ме преврти и да се обиде да го запре крварењето, а сум имала проблем со вената на раката и не можеле да ми вметнат игла“, раскажала Греам.

Иако момчињата биле добро, Ешли наредните четири дена лежела во кревет, а следните седум дена не можела да оди.

Дома поминала два месеци, а тешкото породување го навести и во својата објава на Твитер, пишувајќи:

Ми треба време да закрепнам и да се поврзам со мојот сопруг и децата. Ова не беше лесно, но вредеше“, напиша тогаш.

Покрај Малахи и Роман, Греам со својот сопруг го има и двегодишниот син Исак, а помеѓу нивното раѓање, во 2021 година манекенката имала спонтан абортус.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.