7 работи што не треба да ги правите по царски рез: Мајки, дајте си време за закрепнување!

Деновите по породувањето

Шест месеца по хируршката интервенција одбегнувајте да кревате сè што е потешко од вашето бебе

Царски рез е операција со која бебето се раѓа преку рез во стомакот и матката. Како и по секоја операција, потребно е време за закрепнување, при што најважно е лузната да зарасне. Закрепнувањето обично трае шест недели, а за време на тој период, жената треба да внимава, односно да одбегнува некои активности.

1. Не кревајте ништо тешко

Шест месеца по царскиот рез одбегнувајте да кревате сè што е потешко од вашето новороденче, како и сите други потешки физички активности. Исто така, заборавете на домашните обврските што е можно подолго за да ви зарасне лузната побрзо.

2. Одбегнувајте да се возите

Не се препорачува да се возите со автомобил барем шест недели по царскиот рез. Некои движења ќе ви бидат болни и неколку месеца по породувањето.

3. Пијте доволно течности

По царскиот рез многу жени имаат проблеми со столицата, бидејќи абдоменот е осетлив и болен. Затоа, важно е да пиете многу вода, здраво да се храните и да се движите кога ќе можете, за да ви бидат цревата поактивни и да не дојде до констипација. И не грижете се: конците нема да пукнат додека вршите голема нужда.

4. Одбегнувајте да спиете на стомак

Спиењето на стомак може да го продолжи времето потребно за да зарасне лузната, со оглед на тоа што шевот ќе биде под притисок. А и онака спиењето на грб веројатно ќе ви биде најудобно, иако на некои жени им годи и спиењето на страна.

5. Почекајте со сексот

Одбегнувајте сексуални односи шест недели по породувањето. Односот порано од тоа може да биде болен и непријатен, а и на лузната ќе ѝ треба време да зарасне.

6. Одбегнувајте скали

Одбегнувајте да користите скали барем две недели по царскиот рез. Ако вашата спална соба или собата на бебето е сместена на кат, преместете се привремено на приземје, за да не се качувате горе-долу неколку пати дневно. За полесно и побезболно движење, се препорачува носење лесен појас.

7. Не бањајте се во када

Одбегнувајте да се бањате во када и одбирајте туширање сè додека ви зарасне лузната и додека престане крвавењето (по царскиот рез крвавењето е вообичаено). Исто така, одбегнувајте да користите тампони.

Вежбањето во бременоста може да влијае на телесната тежина на бебето
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.