Што облекуваат Италијанките наесен: Еве како им успева да изгледаат совршено, без воопшто да се потрудат

Италијанска мода

Ним природно им доаѓа секогаш да изгледаат беспрекорно

Кога ќе дојде есен, модна инспирација бараме во земјата на модата, сладоледот, доброто вино и пица – Италија!

Што се однесува до модата, Италијанките се вистински мајсторки! Тие знаат и во 7 часот наутро да ги стават на себе сите луксузни парчиња што ги имаат и да ги носат како да станува збор за обична блуза во комбинација со класичен џинс. Нивната тајна веројатно лежи во нивното потекло – кога растеш во земјата на модата, веројатно сосема природно доаѓа градењето беспрекорен стил.

Затоа, не треба ни да чуди тоа што секогаш изгледаат тип-топ средено, но и како воопшто да не се потрудиле за својот изглед.

Италијанките во својот стил, пред сè, ја негуваат женственоста, па нивните најчести есенски избори се фустаните, бундите, јакните со одличен крој, здолништата и скапите модни додатоци, кои неретко имаат моќ да ја истакнат целата модна комбинација.

Кај Италијанките нема често да видите спортски детали, но затоа никогаш нема да видите Италијанки без добра чанта или квалитетен, а модерен пар обувки. Често ќе ги видите во комбинација од свилена бела кошула и класични панталони.

 

Беспрекорните есенски стајлинзи Италијанките ги надополнуваат со квалитетни капути со совршен крој, џемпери од кашмир и мокасини со врвен дизајн и квалитет.

„Мислам дека нашиот главен двигател и самоизразувањето. Тоа го правиме на многу начини – од носењето живи бои до вниманието што им го посветуваме на деталите. Италијанскиот стил за мене претставува микс од неколку работи, како што се убавината, елеганцијата, самодовербата и неконвенционалната привлечност“, вели Ада Кокосар, креативна директорка и стилистка во италијанскиот „Вог“.

Интересно е што Италијанките не им робуваат на трендовите, кои денес траат многу кратко, туку попрво се определуваат за класични парчиња со врвен квалитет, кои ги носат со години, па и децении.

Ако ви недостасува модна инспирација за студените денови, погледнете некои од најдобрите стајлинзи на познатите Италијанки во нашата галерија…

Зендаја во ДРАМАТИЧЕН корсет и комбинации кои ќе бидат ХИТ НА СЕЗОНАТА (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.