Вежбањето во бременоста може да влијае на телесната тежина на бебето

Бременоста подразбира сосема поинаков начин на живот од оној што го практикувавте порано, но тоа не значи дека треба да се откажете од сите добри работи, како на пример, вежбањето. Имено, научниците истражувале дали вежбањето за време на бременоста влијае на тежината на раѓањето на детето и еве што откриле …

Бидејќи дебелината кај децата станува еден од најважните здравствени проблеми во светот, научниците бараат начини да ја намалат нејзината инциденца во детството, а со тоа и цела низа сродни болести во подоцнежниот живот. Бидејќи се смета дека развојот во матката има влијание врз животот надвор од матката, научниците испитале дали вежбите за време на бременоста влијаат на телесната тежина на детето. Бремените жени биле поделени во две групи.

Едната група редовно возела стационарен велосипед, додека другата не се занимавала со никаква активност. Иако жените кои биле физички активни „забавиле“ неколку недели пред породувањето, кај деца на физички активни мајки биле откриени помала родилна тежина и помалку масно ткиво. Исто така, имало значително помалку царски рез во физички активната група.

Прочитајте и: Првите знаци на хормонални промени со кои се соочува секоја бремена жена

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.