Низ објективот на СТЕФАН СОКОЛОВСКИ: Модни вести од првиот ред

Модна инспирација

Стефан Соколовски ни ги пренесе своите модни впечатоци

Нашиот интернационален моден фотограф Стефан Соколовски штотуку се врати од Деновите на мода во Милано и ни донесе ексклузивни информации и фотографии оттаму. Тој од првите редови ги посети ревиите на познатиот и веќе докажан Џон Ричмонд, ултрауспешната дизајнерка од Кина Annakiki, незаменливиот и секогаш во центарот на внимание со своите драматични ревии Филип Плејн, модната ревија на таленти со 8 дизајнери од различни страни на светот и групната ревија на Милано сити, модната ревија на најуспешните дизајнери од секој континент.

Стефан на ова моден настан се запозна со многу звучни имиња од светската модна сцена, како што се познатата критичарка Ана Дел Русо, сестрата на Кјара Ферањи – Валентина, познатата блогерка Каро Даур и низа други, а се дружел и со познатата блогерка од Словенија, Маја Малнар….

Она што посебно ни го привлече вниманието е можноста нашиот моден фотограф да реализира кампања за најновата колекција на ексцентричниот германски моден дизајнер Филип Плејн.

Покрај ова фантастично искуство, Стефан сработи и портрет-фотографии на популарната моделка и актерка Мадалина Диана Генеа, која ја оствари улогата на Софија Лорен во филмот „Куќата на Гучи“.

Инаку, Стефан ја реализира оваа соработка со Emerging Talents Milano, благодарение на неговиот пријател и соработник, Јосип Грабовац.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.