Богаташката го прославила 43. роденден, а сите ѝ замеруваат поради ОВА: „Не е важно што е правилно, само парите се важни“

Еве како изгледа кога богаташка слави роденден

Ким Кардашијан го прославила својот 43. роденден во друштво на најпознатите и најбогатите жени во Америка, но нејзините обожаватели ѝ замериле поради една работа

Ким Кардашијан го прославила својот 43. роденден гламурозно, како што и се очекува од некој кој е познат. Ријалити-ѕвездата, во ресторан на Беверли Хилс ги собрала некои од најуспешните жени, како што се Хејли Бибер, Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос и Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Токму тоа ги разгневило нејзините обожаватели. Иако некако ѝ го простиле тоа што го поддржувала ликот и делото на Доналд Трамп, сега социјалните мрежи биле затрупани со коментари од гневните обожаватели.

„Парите се пари, и богаташите не ги интересира политика. На крајот од денот, сите тие се на истиот чамец…“

Покрај славните и моќни жени, на роденденот на ријалити-ѕвездата дошле и нејзините сестри Клои Кардашијан, моделката Кендал Џенер, Кајли Џенер и мајка ѝ Крис Џенер.

Најстарата сестра Кортни Баркер не дошла на прославата поради бременоста, но многумина шпекулираат дека причината е караницата меѓу двете сестри.

За оваа пригода Ким облекла тесен црвен фустан со којшто ја покажала извајаната става. Иако со години се борела со вишокот килограми, Ким Конечно успеала да го доведе изгледот до совршенство, а многумина се сомневаат дека за тоа користи недозволени супстанции, како што се лекови за дијабетичари.

Луд и бизарен начин на слабеење: Ким Кардашијан е подготвена на сè за да ги симне килограмите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.