Се разведе, ослабе повеќе од 40 килограми, па си најде богат дечко: Адел има добар план за среќа!

Неверојатно успешна

Британската пејачка стекна светска слава со својот моќен глас, а сега ги освојува насловните страници на сите медиуми со нејзиниот рецепт за среќа

Адел имаше дваесеттина година кога го издаде својот прв албум кој ја освои публиката ширум светот. Потоа, во тајност се омажи за анонимен човек и доби дете во 2013 година. Покажа колку ѝ е важно семејството, па наместо да оди на светска турнеја, таа остана дома, грижејќи се за детето.

По неколку години, пејачката не беше среќна. Одлучи да се разведе, што наскоро го спроведе и на дело. Го издаде својот втор албум и го повтори големиот успех, но обожавателите забележаа нешто чудно – Адел од ден на ден стануваше сè послаба.

Од буцка се претвори во занесна убавица. На Инстаграм споделува фотографии на кои е половина од тоа што беше, а во ретките интервјуа се шегува вака:

„Поради короната, на патувањата морав да ги понесам само основните работи, па одлучив да понесам пола од себе. Оној најдобриот дел!“

Медиумите беа преплавени со диетата што ја практикувала Адел, но пејачката никогаш јавно не кажа како ослабела, иако се шпекулира дека станува збор за хируршки метод на стеснување на желудникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Вчера пејачката излезе во јавност со уште една информација: има нов дечко, но овој пат тоа е брутално богат лик што се вика Рич Пол.

Рич има 39 години и тежи околу 46 милион долари. Своето богатство го заработува како спортски агент за познати кошаркари.

Адел ја потврди врската така што на Инстаграм сподели заедничка фотографија. Пријателите велат дека двојката е опуштена, дека уживаат во љубовта, но и дека не брзаат.

Ние само можеме да кажеме дека изгледа Адел го има совршениот план за среќа. Секоја чест!

РАЗВОД: Адел богатството од 190 милиони долари го дели на половина со бившиот сопруг
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.