Што ѝ треба на кожата на крајот од летото?

Време е да ѝ се посветиме на кожата

Истекуваат последните зрна песок од песочниот часовник на летото. Кратко е времето до конечното враќање на редовните дневни рутини на секојдневното градско живеење.

Топлото сонце, пливањето и долгото пешачење на чист воздух беа неопходни за душата и телото да дојдат во баланс од претходните случувања.

Време е да ѝ се посветиме на кожата.

Таа на прв поглед изгледа убаво поради тенот, но во суштина е со зголемен број мртви клетки на површината, сува е и дехидрирана. Со тоа остава чувство на затегнатост и зголемена видливост на мимичките линии.

Препорачани третмани за овој период се нежни пилинзи со послаби овошни киселини, со кои ќе се врати сјајот и ќе дојде до изедначеност на тенот. Овој ефект се постигнува благодарение на лесно и нежно отстранување на мртвите клетки од површината на кожата.

Паралелно, задолжително е долгорочно да се рехидрира кожата во подлабоките слоеви, за враќање на тонусот и нејзината еластичност. За оваа намена се користат квалитетни мезококтели, кои содржат висок процент чиста хијалуронска киселина со мала молекуларна тежина. Таа внесена во соодветна длабочина ќе направи максимално внесување и долготрајно задржување на водата во кожата.

Освен со овој тип хијалурон, мезококтелите треба да бидат збогатени и со пептиди и ДНК-репаратори, за стимулација на создавање нов колаген и обнова на постојниот. Пожелно е на истиот начин да се внесат и витамин Ц и микроелементи (бакар, цинк, манган…), кои активно се вклучуваат во ензимските процеси на обнова на клетките на кожата. Сето ова е неопходно за ослободување од оксидативниот стрес предизвикан од УВ-зраците. Со ваквиот пристап се спречуваат сите негативни последици од сончањето: предвременото стареење на кожата и нејзината хиперпигментација.

Други достапни третмани во Никол Дент:

  • ПРП ТРЕТМАНИ на коса, лице и тело
  • МЕЗОКОНЦИ
  • БОТОКС
  • МЕЗОТЕРАПИЈА
  • ФИЛЕРИ (хијалуронски, калциум хидрокси апатитни)
  • ЛИПОЛИЗА
  • КОМБИНИРАНИ ПРОТОКОЛИ за подмладување, лифтинг и ремоделирање на лице и тело
  • КОЗМОЦЕУТИЧКИ ТРЕТМАНИ на лице и тело
Д-р Наташа Старковска Спасова

Побарајте повеќе информации на:

Водњанска 5/4, Скопје;

Тел: 02 3 179 870, 078 413 533;

Фејсбук и инстаграм: dr.natasha.mk

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.