Хелена (52) се соблече за да го покаже телото на зрела жена: Можеш да изгледаш добро и без пластични операции!
Погледнете!
Познатата 52-годишна манекенка Хелена Кристенсен објавила низа фотографии од фотосесија на кои носи црн комплет на долна облека, во танга од тантела и проѕирен тил
Таа ја покажала одличната линија, но провокативните фотографии на славната убавица, која некогаш беше една од ангелите на Викторија Сикрет, освен воодушевување, предизвикале и критики од страна на оние што ја следат на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Прекрасна жена, а без пластични операции“, „Твојата убавина е чиста уметност“, „Импресивно“, „Кога сите вака би старееле…“, „Колку си прекрасна жена“, „Изгледаш неверојатно“, „Жив оган“, „Вистинска, природна убавица“, се само некои од илјадниците комплименти што ги добила.
View this post on Instagram
Од друга страна, добила и многу критики. Публиката ѝ замерува дека претерува со разголените фотографии и дека тоа не ѝ треба во нејзината блескава кариера.
„Зошто почна да се соблекуваш на стари години?“, „Супермодел?! Подобро биди суперстриптизета“, „Изгледаш совршено, но зошто ти треба постојано да ја потенцираш голотијата“, се само некои од коментарите во тој стил.