Приказна од која застанува здивот: Познатиот холивудски актер се обидел да изврши самоубиство за да го спаси братот близнак!

Неверојатен гест!

Приказна од која ќе ве полазат морници, но и која истовремено ќе ви покаже колку многу можеме да сакаме некого

Сите го знаеме Ештон Кучер како еден од најпопуларните актери во Холивуд, но неговата биографија крие и неверојатна приказна за неговиот специфичен однос со братот близнак. Мајкл Кучер имал проблеми со срцето во младоста, а тоа во голема мера го одредил и неговиот и животниот пат на брат му.

Кога и двете момчиња имале 13 години, состојбата на Мајкл многу се влошила и само трансплантација на срце можела да го спаси. Не можело да се најде донатор, па тагата и страдањето во семејството станале неиздржливи, особено за Ештон. Често се случувало да го нема дома и по неколку дена, бидејќи не можел да го издржи стресот и сакал барем малку да ги оттргне мислите од тоа.

Кога Мајкл завршил во болница, деновите почнале да се одбројуваат. Ештон паднал во тешка психолошка состојба и отишол толку далеку што се обидел да се самоубие. Застанал на балконот од болницата во која лежел неговиот брат со желба да му го донира своето срце по загинувањето на Мајкл. Во последен миг, татко му успеал да го разубеди од тоа.

Додека се одвивала таа драма, во друга држава се случила сообраќајна несреќа и докторите биле известени дека има едно срце слободно. Извршиле операција, а Мајкл останал жив. Денес сосема нормално функционира и има убав живот.

Секако дека никогаш нема да го заборави гестот на брат му, особено затоа што оваа драматична ситуација влијаела врз нивните животи.

По завршувањето на средно училиште, Ештон отишол на студии за биохемиски инженер за да измисли лек за болеста од која страдал брат му, но и многу други луѓе.

Сепак, судбината му одредила да стане холивудска ѕвезда. Мајкл станал адвокат кој ги брани правата на децата со церебрална парализа, а браќата Кучер денес често се заедно активни во разни хуманитарни организации.

Раскошно: Ѕирнете во домот на Мила Кунис и Ештон Кучер, кој се продава по цена од 14 милиони долари (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.