5 работи што секоја жена треба да ги знае за сексот

Фото: Unsplash

Факт е дека многу возрасни лица, вклучително и оние кои се во долги врски и бракови, имаат проблем со емоционална интелигенција и искрена и отворена комуникација со (потенцијални) партнери.

Исто така, има голем број на оние кои не се доволно образовани кога станува збор за сексот. Она што секој експерт или сексуален терапевт ќе го каже кога станува збор за сексуално образование е фактот дека сексуалното образование никогаш не завршува. Но, и покрај фактот дека можеме да учиме на оваа тема секој ден, голем број жени не ги знаат основите. Ви донесуваме пет работи што треба да ги знаете кога станува збор за сексот.

Сексуално истражување може (и треба) да се случи на која било возраст

Сексуалното истражување и експериментирање не е резервирано само за раните дваесетти години. Митот за експериментирање за време на факултетот или раните дваесетти, со луѓе кои претставуваат само авантура – може да доведе до опасност. Додека односите за една ноќ или авантурите во минување не се ништо лошо ако се заштитувате себеси, експериментирањето и истражувањето треба да им се случат на луѓето на кои им верувате целосно. Исто така, експериментите не треба да престануваат со возраста. Не завршува дури и во долгорочни врски или бракови. Зголемувањето на бројот на луѓе кои страдаат од сексуално преносливи болести расте во домови за стари лица. Ова значи дека луѓето сѐ повеќе експериментираат во староста. Не ги чекајте осумдесеттите за да пробате нешто ново. Разговарајте отворено со вашиот партнер и направете го тоа сега.

Сексуалното експериментирање не претставува ризик

Многу луѓе мислат дека експериментирањето во секс е многу ризично и веруваат дека новата поза или сексуална играчка ќе доведат до незаситност. Но, размислувањето дека експериментирањето доведува до свингерски забави или оргии е едноставно погрешно. Истражувањето на фантазиите и сексуалните желби може да ве поврзе само со вашиот партнер. Ова не значи дека некој од вас ќе „изгуби контрола“. Она што води до проблемот е недостаток на комуникација. Затоа, бидете отворени ако сакате да пробате нешто ново. Нема ништо лошо во тоа.

3 причини зошто треба да користите вибратор за време на секс со партнерот

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.