Раскошно: Ѕирнете во домот на Мила Кунис и Ештон Кучер, кој се продава по цена од 14 милиони долари (ФОТО)

Првата куќа што Мила Кунис и Ештон Кучер ја купија заедно откако се венчаа, сместена во ридовите над Беверли Хилс во квартот Беверли Хилс пост офис, е ставена на продажба. Нејзината почетна цена изнесува 14 милиони долари.

Прекрасната вила се наоѓа во внатрешноста на затворената станбена заедница „Хиден вали“. Популарните актери го купиле имотот со големина од 683 квадратни метри во 2014 година по цена од 10 милиони долари. Куќата има три ката, уредена е во стил на безвременска класика, има 5 спални соби и 5 бањи.

На приземјето се наоѓа дневната соба со камин, главната трпезарија и огромната бела кујна, уредена во винтиџ-стил со модерни апарати и шанк за појадок. На истиот кат се наоѓа и семејната спална соба.

Горе се наоѓаат четирите спални соби, секоја со свој тоалет и гардеробери. На пониско ниво е сместена спалната соба за гостите или за персоналот, винската соба со контролирана температура и простор за стотина шишиња, како и вежбалница и сауна.

Домот има и градина, која се простира на нешто повеќе од половина хектар, со големи тревници и дрвја, заедно со камена веранда со надворешна кујна и шанк. Во поплочениот дел на дворот се наоѓа базен во стил на лагуна, кој е делумно потскриен со висока жива ограда.

Соседи им се Адел, Џенифер Лоренс, Кејти Пери, Никол Кидман и Кит Урбан и Камерон Дијаз и Бенџи Маден.

Мила и Ештон моментално се наоѓаат во својата втора куќа во калифорнискиот град Карпинтерија, сместена веднаш до океанот. Домот вреди 10 милиони долари.

Фото: TheMLS.com, Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.