Поради разводот, банкротот и тешката депресија бил на работ од животот: Среќата ја пронашол во прегратките 29 години помлада девојка!

Животна приказна

Жените лудуваа по него, а на мажите им беше идол. Последниве неколку години, медиумите повеќе се интересираат за неговиот бурен приватен живот отколку за неговата актерска кариера

Поминаа повеќе од 2 децении откако актерот Дејвид Хаселхоф ѝ стана миленик на женската публика поради улогата во мегапопуларната серија „Чувари на плажата“. По емитувањето на последната сезона, некое време живееше од стара слава, но потоа падна во заборав.

Се борел со депресија, банкротирал, а скандалите никако не го одминувале. На една дама ѝ успеало да го смири овој заводник. Ова е животната приказна на Дејвид Хаселхоф, познатиот Мич од серијата „Чувари на плажата“.

Дејвид Мичел Хаселхоф е роден на 17 јули 1952 година во Балтимор, Мериленд. Како дете, Хаселхоф и неговото семејство често се селеле, а сето тоа влијаело врз неговата самодоверба. Бил многу повлечен и срамежлив, а глумата му помогнала да ги надмине тие проблеми.

На 10 години се заинтересирал за глума и пеење, па подоцна се запишал на Академијата за драмски уметности во Мичиген и на Калифорниските институт за уметности во Валенсија. Во 1973 година добил редовна улога во сапуницата „Млади и немирни“.

Најголема слава сепак стекнал со улогата во серијата „Чувари на плажата“, која почнала да се емитува во 1989 година. Среќата прекуноќ доживеала голем успех, а сите сѐ уште се сеќаваме на сцените во кои Мич Бјукенон трча на плажата додека сончевите зраци му се прекршуваат на извајаното тело. Нема жена што не воздивнуваше по овој заводник.

Хаселхоф се испробал и како пејач, па така во јуни 1989 го објавил и својот прв албум Looking for Freedom.

Она што јавноста повеќе ја интригирало од неговата кариера е неговиот љубовен живот и скандалите што не го одминувале.

Хаселхоф првпат се оженил со актерката Кетрин Хикленд во 1980-тите, но оваа врска завршила со развод. Во 1989 година уште еднаш се впуштил во брачните води и се оженил со актерката Памела Бач, со која има 2 ќерки Тејлор и Хејли.

Овој брак траел до 2006 година, кога Дејвид побарал барање за развод.

Последниве години во медиумите најмногу се појавуваше поради своите испади и скандалите што ги предизвикуваше. Пред 11 години во алкохолизирана состојба уништил хотелска соба во Лондон и удрил доктор, а пред тоа во јавноста исплива видео на кое пијан се обидува да јаде хамбургер на подот од бањата.

Разводите и алиментацијата го довеле до работ на банкрот, а од лошата психичка состојба го извлекла врската со Хејли Робертс, со која е веќе 7 години и која е дури 29 години помлада од него.

Се чини дека Дејвид не престанал да верува во вистинска љубов, па трет пат одлучил да стапи во брак. Летото 2018 година, тој и Хејли Робертс го кажале судбоносното „да“.

Пред 20 години ги менувал жените како чорапи, а сега живее со 27 години помлада сопруга: „Мислев дека не е фер да ја оженам“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.