3 реченици што ги користат манипулаторите: Ако го чуете ова, некој опасно си игра со вас!

Обрнете внимание

Ако пречесто го слушате ова, знајте дека станува збор за манипулација

Сите сме манипулирале со некого во одреден момент од животот за да го добиеме тоа што го сакаме. Меѓутоа, постојат луѓе што буквално успеале да ја совладаат оваа вештина.

Манипулаторите се подготвени да кажат што било за да го наведат човекот да го направи она што им треба. И тоа го кажуваат ладно и непристрасно, како „добар ден“.

Ова се трите најчести фрази што ги користат манипулаторите:

„Претеруваш“

Најдобрата одбрана е нападот. Ако не ги задоволите потребите на манипулаторите, тие можат да бидат насилни. Не им верувајте ни збор и не отстапувајте. Постои голема веројатност дека се однесувате сосема нормално. А оваа фраза е само трик што го користат за да се чувствувате виновни и да ја преиспитате вашата одлука.

„Многу си чувствителен/на“

Ако често го слушате ова од некој човек, време е да побегнете! Тоа ќе го каже само оној кому не му е грижа за вашите чувства. Ако не ви се допаѓа тоа што се бара од вас, одбијте. Тоа е замка. Манипулаторите ќе ја почувствуваат вашата слабост и ќе продолжат да ве користат додека го добијат тоа што го сакаат. Направете си услуга и веднаш заминете!

„Премногу си драматичен/на“

Манипулаторите нема да пропуштат да ви замерат што сте станале кралица на драмата, дури и ако ситуацијата станала драматична поради нив. Исклучително важно е да не наседнете на овој трик, бидејќи ако го направите тоа еднаш, тие постојано ќе манипулираат додека добијат од вас сѐ што им треба.

Уметноста на манипулацијата: Знаете ли да ги препознаете манипулаторите?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.