Пред 20 години ги менувал жените како чорапи, а сега живее со 27 години помлада сопруга: „Мислев дека не е фер да ја оженам“

Знае за што живее

На прагот на 70-та година, актерот е среќен и вљубен

Актерот Дејвид Хаселхоф (68) живее мирен пензионерски живот, шетајќи низ Калабасас рака под рака со сопругата Хејли Робертс (41), а пред 20 години не смеел да излезе на улица без телохранители – толкава била неговата популарност!

Во 2000 година немало жена што не воздивнувала по моќниот чувар на плажата Мич Бјукенон, кого го глумеше Дејвид. Токму во тоа време, актерот го поврзувале со голем број млади жени и заводнички од Холивуд.

„Долго време сметав дека не е добро да се оженам со Хејли, бидејќи сум многу постар од неа. Не сакав да ѝ ја земам младоста, возбудата за заеднички живот, стареењето и децата. Заедно сме околу седум години и многу ни е убаво. Сфатив колку јас сакам и колку сме станале неразделни“, рекол актерот.

Парот е во брак од 2018 година, а се венчале во Италија.

Дејвид ја запознал Хејли во 2011 година кога работел на шоу-програмата „Ти имаш талент!“. Додека шетал по улица, Хејли му се приближала да се фотографираат. Таа работела како продавачка во продавница.

Актерот има две ќерки кои се малку помлади од неговата трета сопруга: Тејлор (30) и Хејли (27).

По овој актер копнееле жените ширум светот: Поради развод, банкрот и тешка депресија, бил на работ на разумот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.