Кога новинарите ја прашале од каде ѝ се толкави градите, Селма Хаек одговорила: „Отидов во црква и убаво го замолив господ!“

Неверојатно

Актерката (54) има тело на кое му завидуваат многу жени, а таа е и тоа како е свесна за своите атрибути

Актерката Селма Хаек (54) често ги изненадува своите обожаватели на Инстаграм со нова фотографија во костим за капење. Бујните гради и тесниот и затегнат струк станаа синоним за оваа џебна Венера.

Среќно омажена и сакана, Селма обожава да зборува за своето тело и за изгледот.

„Бев најмлада во одделението и сите девојки веќе почнаа да добиваат гради, а јас ништо! Бев исплашена! Почнаа да ми се потсмеваат, бидејќи бев мала, слаба и машкуданеста.

Тогаш отидов во црква и застанав пред иконата на чудотворката. Ја ставив раката во света вода и реков: ‘Те молам Исусе, дај ми гради’. Мојата молитва беше чуена!“

Без разлика дали станува збор за молитва, пластична хирургија или генетика, Селма изгледа исклучително добро за своите години.

Занимливости за славната актерка:
  • Бабата на Селма кога била мила ѝ ги бричела веѓите и главата, мислејќи дека така косата ќе ѝ биде побујна.
  • Селма страда од дефицит на внимание и дислексија.
Во 54-та година, Селма Хаек вака изгледа без шминка на лицето (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.