15 работи на кои непотребно фрлате пари: Ова никому не му треба во животот!

Водич за штедење

Ви носиме список на 15 работи на кои не треба да трошите пари

Овој викенд е во знак на Black Friday и сите ги зафати шопинг-манија, но малкумина знаат дека токму на 27 ноември се обележува денот на воздржувањето од купување. Дали сте свесни колку пари трошиме на непотребни ситници без кои и тоа како можеме да функционираме?

Верувале или не, доколку престанете да ги купувате овие 15 работи, ќе заштедите многу пари…

1. Најнови уреди – Ако оние што веќе ги поседувате и понатаму работат како што треба, нема потреба да ги менувате. Техниката и технологијата се развиваат со молскавична брзина, па доколку сакате да го следите тоа и да купувате сѐ што ќе се појави на пазарот, многу брзо ќе банкнотирате.

2. Флаширана вода – Полесно е да купите шише што ќе го полните од чешма. Ефектот е ист.

3. Облека за тренинг – Што ѝ недостасува на обичната тренерка и бела маица?

4. ГПС-навигатор – Секој паметен телефон има ГПС-уред, така што не морате да купувате посебен.

5. Среќки – Разберете го ова: игрите на среќа се губење пари. Добро поминал само оној што никогаш не играл.

6. Апликации за мобилен телефон – Ако симнете некоја апликација бесплатно, подоцна ќе излезе дека мора да ја платите за да функционира како што треба. Ако досега сте можеле без неа, можете и од сега.

7. Сламки за пиење – Можеби чинат малку, но сепак се толку бескорисни што нема потреба да фрлате пари на нив.

8. Сувенири, магнети за фрижидер – Оптоварување и за вас и за оние на кои им ги купувате.

9. Дневни весници – Сето тоа веќе го има на Интернет.

10. Средување во салони – Сето ова можете и сами да го правите во домашни услови. Средувањето нокти, негата на коса, фенирањето, негата на кожата изискува издвојување огромни суми на пари доколку одите во салони. Многу подобра опција е да издвоите малку време и да си ја пружите совршената нега во домашни услови.

11. Облека и обувки од скапи брендови – Ако не ви стои убаво, кому му е грижа од кој бренд е вашата гардероба. При изборот, не водете се според натписите на гардеробата, туку според фактот дали ѝ ласка на вашата фигура или не.

12. Премногу детали, украси, фигури – И онака минимализмот е во тренд. Не ви требаат премногу детали во домот.

13.Безброј играчки за децата – Доколку има премногу играчки, детето станува помалку креативно. Тоа нема потреба да фантазира и да посакува, бидејќи веќе има сѐ. Освен тоа, на овој начин ќе порасне со верувањето дека може да добие сѐ што ќе посака во животот без воопшто труд.

14. Златен накит – Еднакво ефектна може да биде и бижутеријата, а ќе потрошите неспоредливо помалку пари.

15. Членарина во вежбалница – Покрај многуте видеа на јутјуб, не ви требаат вежбалница и личен тренер. На крајот на краиштата, шетањето или трчањето во природа е одличен тренинг.

Каков тип на личност сте ​​кога станува збор за пари?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.