ДНЕВЕН ХОРОСКОП за 28 ноември: Посветете му се на семејството!

Астро-прогноза

Бикот го очекуваат предизвици, водолијата е смирена, овенот е подготвен за работа

ОВЕН

Периодот на стагнација кај вас конечно завршува. Подготвени сте да им се посветите на посакуваните работни промени. Саканата личност ќе ви покаже дека искрено сака вашата врска да напредува. Проблеми со видот.

БИК

Денешниот ден ви носи многу предизвици кои ќе морате да ги надминете ако сакате да бидете работно успешни. Во вашето блиско опкружување доаѓа до спојување со личност што ви покажува интерес. Ќе ви годи одмор.

БЛИЗНАЦИ

Денешниот ден би можел да ви донесе некои помали компликации на работен план. Ќе водите интересен разговор со личноста што ви се допаѓа. На чекор сте до можен почеток на врска. Ќе ви годи некаков вид опуштање.

РАК

Доколку сте планирале да направите промени на работа, можете да бидете успешни во тоа денес. Трогнати сте од вниманието на партнерот. Убаво ви е и уживате во миговите што ги поминувате заедно. Добро се чувствувате.

ЛАВ

Денес многу лесно би можеле да постапите погрешно и да предизвикате некои компликации на работа. Можно е да постои конфликт меѓу вас и партнерот, кој не можете толку лесно да го решите. Посоветувајте се со лекар.

ДЕВИЦА

Полека ви се отвораат нови работни можности што ќе ви донесат шанса за успех. Имате чувство дека саканата личност не ви е сосема посветена и станувате малку љубоморни. Проблеми поради стрес.

ТЕРЕЗИЈА

Ве очекува период во кој ќе имате некои компликации и отежнувања што нема да можете лесно да ги решите. Денешниот ден ви носи помали расправии со саканата личност. Внимавајте на стомакот.

СКОРПИЈА

Склони сте на тоа бурно да реагирате кога некои околности не ви одат во прилог. Можно е денес да бидете под тензија. Би сакале да остварите нова врска, но не ви е лесно да остварите ново познанство. Помал пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Можно е да не сте добиле поддршка за напредување и проширување на бизнисот, па поради тоа сте незадоволни. Можете да очекувате интересно познанство со личност што ќе ве шармира. Можни се проблеми со зглобовите.

ЈАРЕЦ

Можно е да имате некои помали недоразбирања на работа. Нема да ви биде лесно да ги остварите сите ваши планови. Запознавате интересна личност и добивате желба малку повеќе да му се посветите на вашиот однос. Проблеми со алергии.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува неповолен ден за работа. Немојте да очекувате големи промени сега. Можно е односот со саканата личност да станува нестабилен и да се грижите за опстанокот на вашата врска. Нагласена ви е лошата дигестија.

РИБИ

Иако сте имале некои поголеми трошоци, ќе успеете да ги обновите вашите финансии наредниов период. Често мислите на личноста со која сакате да започнете врска. Подготвени сте да ѝ ги покажете вашите чувства. Намалете ја консумацијата на алкохол.

ЕВЕ какви комплименти сака секој хороскопски знак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.