Побизарно од ова не може да биде: Принцот Чарлс со овие барања ја малтретира послугата секој ден!

Неверојатно

Се преслекува 5 пати дневно, бара да му се пеглаат дури и врвките, никаде не оди без својата штица за тоалетна школка…

Најстариот син на кралицата Елизабета, принц Чарлс, како и другите членови на кралското семејство, постојано се под лупата на јавноста. Во неодамна снимениот документарец, откриени се и навиките и барањата што ги има принц Чарлс, а многумина останале без зборови.

Меѓу послугата, Чарлс дури добил и подбивен прекар – опседнатиот принц.

„Неговите пижами треба да бидат испеглани секое утро штом се разбуди, врвките од чевлите секој пат по носењето се вадат и се ставаат под железна подлога за да бидат рамни. Кадата во тоалетот мора да биде во точно одредена положба, а температурата секогаш мора да биде идентична“, открил Пол Барел, поранешен батлер на принцезата Дијана, кој исто така бил многу добро запознаен и со барањата на принцот.

А ова се дел од неговите бизарни навики и барања…

  • Обожава да пушта црвени верверици да трчаат околу неговата куќа Биркхол во замокот Балморал во Шкотска.
  • Принцот Чарлс никогаш не руча.
  • Сака да се преслекува пет пати дневно, а има бизарни барања за својата послуга. Имено, тие секое утро мораат да ги пеглаат неговите пижами, а потоа и врвките на чевлите!
  • Принцот секаде со себе носи своја штица за тоалетна школка, а спие исклучиво на кралска постелнина, која се пегла и затегнува така што не смее да има ниедна линија на неа, па таквото местење на креветот може да трае и цел час.
  • Исто така, водата за бањање мора да има точно одредена температура.
  • Неговите барања одат толку далеку што послугата мора да му става паста за заби на четката и тоа во мерка од точно 2,5 сантиметри.
Психичкото здравје на принц Чарлс е нарушено: Престолонаследникот доживеал нервен слом, а ова е причината?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.