Контролирајте го потењето, не дозволувајте тоа да ве контролира вас!

Absolute Dry е шведски оригинален екстра ефикасен антиперспирант со долготраен 7 дневен ефект против потење и лоша миризба

Прекумерното потење на кожата на било кој дел од телото, може да биде навистина непријатна ситуација. Особено во летниот период, кога времето надвор е многу топло, а тоа може да ви создаде дополнителна нервоза и непријатности. За да си помогнете себе си во овие ситуации, секогаш имајте го при рака вистинскиот производ за таа цел.

Absolute Dry е шведски оригинален екстра ефикасен антиперспирант со долготраен 7 дневен ефект против потење и лоша миризба.

Како да се употребува Absolute Dry?

За да се оптимизира ефектот и да се минимизира ризикот од иритација на кожата, клучно е кожата да биде целосно сува при нанесување Absolute Dry. Измијте ја кожата и исушете ја темелно со крпа. Оставете ја кожата да се исуши некое време. Доколку е потребно, користете фен за коса со ладен воздух.

Нанесете Absolute Dry на кожата, на пр. под пазувите, еден час пред спиење и оставете да се исуши.

Утрината повторно измијте ја кожата, или истуширајте се. Absolute Dry ќе ја задржи кожата сува и ќе го спречи потењето најмногу 7 дена. Ако сакате, дополнително можете да користите парфемиран дезодоранс или спреј, но не ви е потребен друг антиперспирант.

Absolute Dry не содржи парфеми, конзерванси и бои.

Нормално, еднаш неделно е соодветна фреквенција на апликација, но секако можете да испробате и ваш сопствен распоред.

Кожата на дланките на вашите раце и стапалата на нозете е подебела и може да бара малку почеста фреквенција на аплицирање Absolute Dry барем на почетокот.

Состав: Алкохол Денат, Aлуминиум Хлорид, Т-бутил Алкохол, Денатониум Бензоат

ТРЕТМАН НА ПРЕКУМЕРНО ПОТЕЊЕ

За оние кои имаат проблем со хиперхидроза и прекумерно потење кое влијае врз нивниот секојдневен живот, постојат достапни ефикасни опции за третман.

Долготрајни и екстра ефикасни антиперспиранти со алуминиум хлорид. Прво и најважно е да се направи разлика помеѓу дезодоранси и антиперспиранти. Дезодорансите обично содржат парфеми за да го маскираат мирисот на пот. Може да содржат и супстанции што ја намалуваат количината и растот на бактерии, што исто така спречува лош мирис. Сепак, дезодорансите не го спречуваат самото потење.

Антиперспирантите од друга страна спречуваат потење на местото на апликација. Постојат долготрајни антиперспиранти особено погодни за луѓе со хиперхидроза, но ништо не трае подолго од Absolute Dry. Со Absolute Dry престанувапотењето во наредните 7 дена. Може да се користи за различни видови потење, на пр. под пазуви, раце, нозе и поголеми делови на кожата.

Антипреспирантот Absolute Dry, но и многу други корисни производи поврзани со вашето здравје и квалитетниот начин на живот можете да ги најдете на веб страната на компанијата ИННОВА МЕД, како и на нивните социјални мрежи. ИННОВА МЕД е основана од фармацевти и е брзорастечка компанија во сферата на иновативни производи за секојдневна употреба.Нивна примарна цел и фокус се здравјето и потребите  на луѓето.

www.innova.mk

FB: innova_med

Инстаграм: @innova_med

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.