Чудесен еликсир – сурутка: Природни маски за лице, коса и нокти

Направи сама

Млечната сурутка е вистински еликсир за убавина и здравје. Не содржи маснотии, но содржи големо количество протеини што лесно се апсорбираат и му даваат на организмот есенцијални аминокиселини што самиот не ги произведува.

Покрај тоа, сурутката содржи минерали и витамини, кои имаат благотворно дејство врз организмот и се многу корисни за подобрување и заздравување на структурата на косата и кожата на главата.

Оваа достапна природна намирница може да се користи и како универзален козметички препарат.

1 Маска за мрсна кожа

Загрејте сто милилитри сурутка на 36-37 степени, натопете тупфер во неа и нанесете ја на лицето и на деколтето. Откако кожата ќе ја впие, измијте се со топла вода. Оваа едноставна постапка го отстранува мрсниот сјај и ја тонизира и чисти кожата.

2 Маска за нормализација

Половина лажица мелено кафе измешајте со две лажици сурутка и држете го тоа на лицето 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода. Оваа маска го храни и го подобрува тенот.

Фото: Getty Images

3 Избелувачка маска за мрсна и нормална кожа

Измешајте три лажици масно младо кравјо сирење со три лажици сурутка, нанесете ја на претходно исчистената кожа и оставете ја да дејствува десет минути. Наместо вода, за плакнење може да користите топол зелен чај. Маската ја избелува кожата на лицето и помага во борбата против дамките и пигментните точки.

4 Маска за кожа со изразени пори

Изматете белка, па измешајте ја со едно лажиче брашно и две лажици сурутка. Нанесете ја на лицето и по 15 минути исплакнете со топла вода. Доколку вашата кожа не е премногу мрсна, белката можете да ја замените со жолчка. Оваа маска ја чисти, израмнува и суши кожата, ги стеснува порите.

5 Маска за коса

Загрејте двесте милилитри сурутка на 40-50 степени и измешајте ја со овесна каша, да добиете густа смеса. Нанесете ја маската на косата, покријте ја главата со полиетиленска фолија и со крпа и држете ја така 30 минути, а потоа исплакнете ја со топла вода без шампон. Маската ја зајакнува косата, давајќи ѝ прекрасен сјај.

6 Бања за нокти

Во  250 мл топла вода додајте две-три капки масло од јојоба. Држете ги прстите во тоа десет минути, а потоа избришете ги со марамче. Ова е одлично за зајакнување на ноктите.

7 Смеса за миење

Две-три парчиња пченичен или ‘ржан леб натопете во 100 мл сурутка, направете каша и нанесете ја на лицето. Масирајте ја кожата десет минути. Потоа исплакнете го лицето со вода на собна температура. Оваа мешавина ја чисти и ја храни кожата.

8 Бања со сурутка

Во када наполнета со топла вода додајте еден грст трици и пет капки пченично масло, а потоа истурете два литра сурутка. Практикувајте ја бањата 20 минути, а потоа, без плакнење, исушете ја кожата со крпа. Оваа бања совршено ја тонизира кожата.

9 Пилинг за лице

* За сува и нормална кожа: измешајте половина лажица овесни снегулки и две лажици сурутка, нанесете на лицето и масирајте ја кожата две минути со кружни движења, а потоа измијте ја прво со топла, а потоа ладна вода.

* За мрсна кожа: измешајте три лажици сурутка со едно лажиче сол. Со добиената смеса масирајте го лицето една минута, а потоа исплакнете го внимателно со топла вода.

По пилингот, нанесете хидратантен крем на кожата.

10 Каде да се најде сурутка?

Сурутка може да најдете во продавниците или можете да ја направите сами во домашни услови:

* Сурутка од кисело млеко: ставете го киселото млеко на тивок оган до зовривање, но не дозволувајте да зоврие. Оставете го на ринглата додека се олади. Кога ќе се олади, процедете го низ неколку слоја газа.

* Сурутка од млеко: ставете еден литар млеко да зоврие и во тоа додајте сок од мал лимон, промешајте го и тргнете го од огнот. Откако ќе се олади, одвојте го сирењето и исцедете ја сурутката со помош на газа.

Текст: Руски доктор

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.