Памела Андерсон се разгневи поради донацијата на Нотр Дам: „Лута сум и разочарана!“

Фото: Profimedia

Памела Андерсон (51) ја напушти гала-вечерата на фудбалскиот клуб Олимпик од Марсеј во кој игра нејзиниот избраник Адил Рами, а причината е донацијата за Богородичната црква во Париз.

Имено, за време на вечерата на која се собирале пари за помош на сиромашните деца во Марсеј, ненадејно биле издвоени 100.000 евра за обнова на катедралата во Париз, што актерката ја разлутило.

Својот револт го покажала напуштајќи го собирот, а потоа и објавувајќи на Твитер:

Вчеравечер бевме на годишната вечера на ФК ОМ за да помогне во собирањето средства за сиромашните деца во Марсеј. За таа цел беше собран висок износ и потоа беше предложено прекрасно изненадување – да се издвои дел од парите за обнова на Нотр Дам.

На пригодната аукција ненадејно во понудата се најде и гитарата на Брус Спринстин за која се собрани дупло повеќе пари од дотогаш собрана сума за децата. Бев многу лута и разочарана и го прашав Адил дали може да си заминеме. И заминавме“, напиша актерката, додавајќи:

Сигурно на децата во Марсеј повеќе им требаат тие 100.000 евра отколку на катедралата за која се собрани повеќе од милијарда евра донации од неколкумина милијардери.

 

Извор: Hello.rs

Фото: Hello.rs, Twitter

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време